Шиповиќ екстрадиран

22.11.2013 10:31

Претседавачот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ

Претседавачот на Советот на општина Центар  Мирослав Шиповиќ доцна синоќа е екстрадиран  од Виена во Скопје, потврди Министерството за внатрешни работи .Тој е пренесен во истражниот затвор во Шуто оризари. Шиповиќ беше уапсен на аеродромот во Виена на 15 октомври  при враќање од Њујорк. Пред десетина дена австриските власти го прифатија  барањето на македонското министерство за нравда за негова екстрадиција. Шиповиќ е прво осомничен во случајот,,Претседавач” за финансиски криминал во компанијата ,, Машинопромет”во времето додека бил на чело на Управниот одбор . 

СДСМ експресно побара Шиповиќ да се брани од слобода.

Свето Николовски