Екологија

Прилеп- најзелен град за 2021 година

06.06.2022 14:21

Прилеп од Европската унија го доби престижното признание - најзелен град за 2021 година. Проектот е од пред 14 години и прерасна во успешна еколошка приказна. Ова признание е дел од Зелениот договор на ЕУ, а државата ја најави изградбата на регионални депонии со пари од ЕБОР...

Прилеп е најзелена општина за 2021 година. Од пилот проект во 2008-ма, градот направи успешна еколошка приказна. Признанието од Европската унија значи дека се исполнети битните услови - влијание врз квалитетот на живот, иновативен пристап и одржливост за ефекти на долг рок.

Државата се вклучува во зголемување на капацитетите за здрава животна средина. Со 55 милиона евра од ЕБОР ќе се градат регионални депонии.

Годишната селекција на отпадот е целосна на јавните површини, а 80 насто на домаќинствата. 900 тони се собира хартија, а 100 тони пластика.

Прилеп најави дека ќе ја изгради и фабриката за секундарна селекција на отпадот.

Елизабета Митреска