Судство

Одложено рочиштето против тројцата лекари од Струга кои се товарат за несовесно лекување

06.06.2022 14:34

Рочиштето се одложи, поради отсуство на обвинетите. Веапоска, оштетената родилка која при царски рез остана без матка, јајници и бубрег, вели две години преживува пекол и агонија. Сè уште е под медицинска терапија и со нетрпение ја чека правдата.

Одложено првото рочиште на судскиот процес, кој денес требаше да започна во струшкиот суд против тројцата лекари, кои се товарат за несовесно лекување и извадиле повеќе органи на родилката од Дебар.

Рочиштето се одложи, поради отсуство на обвинетите. Веапоска, оштетената родилка која при царски рез остана без матка, јајници и бубрег, вели две години преживува пекол и агонија. Сè уште е под медицинска терапија и со нетрпение ја чека правдата.

„Докторот се брани со тоа дека совеста му била чиста и не направил ништо ми спасил живот. Но, каков живот ми спаси кога јас сум половина човек јас сум без органи и каква чесност има тој доктор. Како ќе ме погледне мене во лице. Треба да му се одземе лиценцата за работа и да не работи веќе да не осакатува други жени“, вели Јилдз Веапоска, оштетена.

Овде е кривично дело несовесно лекување на болни, максималната казна е до пет години. Скратена е постапката, судот си ја знае својата работа, очекуваме позитивен исход односно за оние кои го сториле кривичното дело да одговараат по законот, изјави Сашо Јанев адвокат на оштетената.