Експертите со предлог, повисоки сметки за оние кои трошат најмногу
Привремено да се воведат четири блок тарифи за потрошувачката на струја. Познавачите предлагаат блок тарифите да важат само за скапа струја, а прагот од една во друга да изнесува 210, 420, 630 и повеќе од 630 киловатчас потрошена електрична енергија...

Привремено да се воведат четири блок тарифи за потрошувачката на струја. Ова е предлогот на експертската јавност, кој ако се прифати во иднина ќе значи повисоки сметки за оние кои трошат најмногу. Целта е да се овозможи ограничените ресурси за домашно производство да се искористат поефикасно и да се стимулира рационална потрошувачка.
Познавачите предлагаат блок тарифите да важат само за скапа струја, а прагот од една во друга да изнесува 210, 420, 630 и повеќе од 630 киловатчас потрошена електрична енергија. Со овој модел во зима, според проценките 87 насто од граѓаните би имале пониски цени за струја, додека во летниот период овој процент би изнесувал 92.
Вицепремиерот Битиќи оценува дека новиот тарифен модел треба да одговори на потребите на домаќинствата.
Од 800 илјади броила колку што има регистрирано во земјава, околу 21 насто трошат до 100 киловат часови струја. Просечната потрошувачка изнесува 372 киловатчасови. 53 проценти од потрошеното е во скапа тарифа, додека 47 насто во евтина.
Анита Димитријевска Велковска
