Разговорите без напредок, решение на повидок нема
Иако се интензивираат разговорите меѓу Скопје и Софија, сепак решението не е на повидок-вели премиерот Ковачевски. Ги разби дилемите дека постои какво било решение…

Разговорите меѓу Скопје и Софија се одвиваат, но без напредок и по дијалогот на двајцата министри за надворешни работи Османи и Генчовска. Обајцата задоволни од меѓусебно кажаното, сепак решението не е на повидок.
Премиерот Ковачевски ги разби дилемите дека постои какво било решение, вклучувајќи го и француското, за кое Ковачевски потврди дека не постои, притоа согледувајќи ги напорите на Франција која претседава со Европската унија. Темата со билатералниот спор да ја стави високо на агендата на Унијата на крајот на претседавањето на конференцијата во јуни.
Во ВМРО-ДПМНЕ коментираат дека Мицкоски пред конгресот на ЕПП рекол дека Македонија се соочува со агресија од Бугарија и нема да прифати штетен договор за земјава.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата со министерката Генчовска ги повикал бугарските власти да ја зголемат меѓусебната доверба и да работат на позитивен епилог на билатералниот спор преку стеснување на просторот за дејствување на агенди во земјата и регионот, кои не се совпаѓаат со нашите западни определби.
Миле Ристески
