Македонија станува атрактивна за светски познатите ИТ компании
Австралиската компанија „Гамут глобал оперејшн“ планира да префрли дел од бизнис операциите во земјава. Извезува производи и за Северна Америка ...

Австралиската компанија „Гамут Глобал оперејшн“ која повеќе од три децении работи софтвер за домашниот пазар и за Северна Америка, ќе развива бизнис во Македонија. Бара македонски кадар што ќе работи со најновите ИТ технологии, алатки и процесори.
„Се работи за компанија која во Австро Азија и во Нов Зеланд произведува софтвер и има голем број вработени, голем број клинети, големи бизнис корпорации“, вели министерот за инфроматичко општество, Иво Ивановски.
Гамут Глобал планира да ги пренесе главните бизнис компоненти, да прерасне во поголема македонска компанија.
„Идејата да дојдеме во Македонија се должи на позитивната инвестициска клима, конкурентната цена и пристапот до квалитетен кадар, кој ги исполнува условите што ни се потребни“, вели Џон Бургес првиот човек на компанијата.
Околу 80 насто од ИТ производите што се работат во Македонија се извезуваат – според експертите ова е директен показател за квалитетот на нашите информатички кадри.
Македонија станува атрактивна за светски познати ИТ бизниси. Неодамна и италијанската ДФ Лабс за сајбер безбедност чии клиенти се ИБМ и НАТО почнаа бизнис во земјава.
Сузана Фиданска- Стоевска
