Нема расправа за постапките на Џафери, мнозинството гласаше против дневниот ред на Комисијата
Кратко траеше седницата на која спикерот Џафери требаше да одговара за упатените навредите на 18-ти мај. Пратениците од владејачкото мнозинство гласаа против дневниот ред, со што седницата на Комисијата беше затворена. Според ВМРО-ДПМНЕ, ова е бегање од одговорност. Етички кодекс не постои, Џафери да поднесе оставка, велат од партијата…

Затворањето на седницата од претседателот на комисијата предизвика бурна реакција кај ВМРО-ДПМНЕ. Велат, имавме тонска снимка од собранискиот канал и изјави од четворица сведоци пратеници за недоличното однесување на спикерот Џафери кон службениците, сепак парламентарното мнозинство избега од одговорност за да го заштити. Според нив етичкиот кодекс веќе не постои.
Во ДУИ велат опозицијата прави театар во интерес на теснопартиските интереси, претседателот Џафери. Тој е најуспешниот претседател на парламентот којшто ги добил сите формални правни битки со државните институции, тврдат во партијата.
Социјалдемократите во соопштение подвлекуваат-доста е со активната блокада, опструкции и тензии од опозицијата, тоа не поминува и нема никаков ефект. Слики како оние од 27 ми април или оние од 24 декември нема да дозволиме да се повторат, потенцираа од СДСМ.
Во Левица само кусо додадоа – очајниците за власт СДСМ најбесрамно го заштитија Џафери, кој избега од соочување за насилничкото однесување спрема службениците.
Игор Панов
