Изготвен е законот за задолжително земјоделско осигурување
Со новиот Закон за задолжително земјоделско осигурување ќе ја вратиме довербата на земјоделците во осигурителните компании, смета министерот за земјоделство, кој очекува голема поддршка на законот и во Собранието. Само три илјади земјоделци во државата годинава го осигуриле родот...

Законот за задолжително земјоделско осигурување е во завршна фаза. Тоа што само околу 3.000 земјоделци во државата го осигуруваат родот, покажува дека досегашниот модел на осигурување е неодржлив и дека треба да се смени, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. При изработка на новиот закон земени се искуствата од турскиот, шпанскиот и други модели, а државата во првите неколку години ќе обезбеди финансирање на осигурувањето.
До 21-ви јуни сите единаесет осигурителни компании во државата треба да го разгледаат законот и да се подготват за унифицираниот модел на земјоделско осигурување, кој според министерот Николовски ќе обезбеди поголема заштита на земјоделското производство во услови на светска криза и климатски промени.
Славица Величковска
