Косово
Воените ветерани во Косово се судрија со полицијата
06.06.2022 16:57
Протестот траеше паралелно со пратеничката расправа за предлогот за зголемување на минималната месечна плата на 250 евра, од сегашните 170 евра..

Косовските воени ветерани се судрија со полицијата во Националното собрание во Приштина.
Револтирани од висината на пензиите, се обидоа да ги пробијат бариерите при што беа повредени неколку лица.
Протестот траеше паралелно со пратеничката расправа за предлогот за зголемување на минималната месечна плата на 250 евра, од сегашните 170 евра.
