Сообраќај

МВР: 164 санкционирани возачи во Скопје, 43 за брзо возење

07.06.2022 08:24

На територија на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се 16 мерки за користење мобилен телефон, 12 санкции за возење под дејство на алкохол, шест за некористење сигурносен појас...

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, соопштуваат од МВР.