Евроинтеграции

Макрон е подготвен за состанок со македонските и бугарските власти за постигнување билатерален договор

07.06.2022 08:31

Франција, која претседава со Унијата до 1-ви јули, веќе неколку недели бара решение за спорот меѓу двете земји, соопшти Елисејската палата по телефонските разговори на Макрон со бугарскиот претседател Румен Радев и македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Францускиот претседател Емануел Макрон изразил подготвеност да биде домаќин на претставниците на бугарските и македонските власти кога ќе дојде време за склучување билатерален договор што ќе овозможи отворање на пристапните преговори меѓу Скопје и ЕУ.

Франција, која претседава со Унијата до 1-ви јули, веќе неколку недели бара решение за спорот меѓу двете земји, соопшти Елисејската палата по телефонските разговори на Макрон со бугарскиот претседател Румен Радев и македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

За време на тие разговори, Макрон изразил целосна поддршка за договорот меѓу двете земји, што ќе придонесе за добрососедските односи и ќе ја зајакне европската перспектива на Северна Македонија, соопшти француското претседателство.