Македонија

Османи во официјална посета на Република Туркије

07.06.2022 08:41

Во фокус на разговорите со неговиот домаќин, министерот за надворшни Мевлут Чавушоглу ќе бидат билатералните односи и мултилатералната соработка во рамки на НАТО и ОБСЕ, регионалните предизвици, како и последици на руската инвазија на Украина.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи е во официјална посета на Република Туркије. Во фокус на разговорите со неговиот домаќин, министерот за надворшни Мевлут Чавушоглу ќе бидат билатералните односи и мултилатералната соработка во рамки на НАТО и ОБСЕ, регионалните предизвици, како и последици на руската инвазија на Украина.

Освен со својот домаќин, Османи ќе оствари средба и со претседателот на Големото национално собрание на Туркије, Мустафа Шентоп.

На маргините на посетата на Анкара, Османи ќе се сретне и со поранешниот министер за надворешни работи, Хикмет Четин, кому ќе му додели признание по повод 30 годишнината на независноста на Северна Македонија.