Прајс: Одлуката за забрана за прелет на авионот на Лавров е почитување на обврските кон НАТО
Одлуката на Северна Македонија, Бугарија и Црна Гора за забрана за прелет на авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е почитување на обврските кон НАТО, оцени портпаролот на Стејт департментот...

Не запираат реакциите по одлуката на Скопје, Софија и Подгорица да забранат прелет на авионот на рускиот шеф на дипломатијата Лавров, кој вчера требаше да има средби во Белград. Се огласи и американскиот Стејт департмент. Оттаму рекоа дека станува збор за суверени земји, коишто ги почитуваат обврските кон НАТО алијансата.
„Сите три земји се членки на НАТО и имаат обврски согласно Членот 5. Заедно ја прославивме петта годишнина од членството на Црна Гора во НАТО и втората годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.
Одлуката, според него, е дел од европската заложба да се држи Русија одговорна за своите акции и постапки во Украина.
