Евроинтеграции

Радев и Донфрид разговарале за европската перспектива на Македонија

07.06.2022 08:57

Како што соопштуваат од прес-службата на Радев, двајцата го осудиле како недозволиво палењето на бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола. Според Радев, палењето на културниот центар на македонските Бугари во Битола го извршиле луѓе кои се обидуваат да го попречат процесот на евроинтеграција.

Бугарскиот претседател Румен Радев телефонски разговарал со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид за европската перспектива на Македонија.

Како што соопштуваат од прес-службата на Радев, двајцата го осудиле како недозволиво палењето на бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола. Според Радев, палењето на културниот центар на македонските Бугари во Битола го извршиле луѓе кои се обидуваат да го попречат процесот на евроинтеграција.

Донфрид го осудила подметнувањето на пожарот, коментирајќи дека целта е да се поткопа преговарачкиот процес меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Радев и Донфрид разговарале и за партнерството меѓу Бугарија и САД во областа на одбраната, како и за последиците од војната во Украина за безбедноста во Источна Европа.