Стопанствениците од Охрид и Струга очекуваат придобивки од новата странска инвестиција
Економистите сметаат дека ваква инвестиција е повеќе од добродојдена...

ОДВ Електрик, германска компанија од автомобилскиот сектор е најновата странска браунфилд инвестиција во слободната економска зона во охридско-струшкиот регион. Оваа компанија со седиште во близина на Франкфурт, произведува електрични инсталации за Порше, Мерцедес, БМВ.
Компанијата ќе биде лоцирана на површина од 2.000 квадратни метри постоечки објект во Охрид, а потоа ќе изградат нов објект со површина од околу 10.000 квадратни метри кој ќе биде лоциран во слободната економска зона“ во струшко-охридскиот регион.
Стопанствениците очекуваат придовка за развојот на економијата во овој регион.
„Мислам дека новата инвестиција ќе придонесе за развојот на стопанството во регионот на Охрид и Струга поготово за извозно-увозните ориентирани компании кои веќе го имаат установено својот квалитет“, вели менаџерот на Унипласт Струга, Криситијан Ковачески.
Економистите сметаат дека ваква инвестиција е повеќе од добродојдена.
„На подрачјето на Струга за 1.000 вработувања тоа значи дека ќе добиваме 1.000 плати кои плати ќе влезат во оптек на стопанството, а тоа е ите како добродојдено за малите и микро бизниси“, рече економистот Јасмина Белеска.
„Сигурно еден ваков објект, една ваква фабрика од автомобилската индустрија би значело еден дополнителен потстрег за раст и развој на овој регион“, смета Борка Соколовски, универзитетскиот професор од Прилеп.
Во оваа фабрика ќе се отворат 1.000 нови работни места, а ќе се инвестираат 15 милиони евра.
Јованчо Наумовски
