Град Скопје објави јавен повик за доделување стипендии на спортисти - средношколци
Со цел да се зголеми мотивираноста кај младите спортисти – средношколци да спортуваат, да продолжат и да останат понатаму во спортот, како и зголемување на опфатот на што повеќе ученици да се занимаваат со спорт и спортски активности, Градот Скопје ќе стипендира спортисти – средношколци...
Град Скопје објави јавен повик со кој продолжува со поддршката за развој и унапредување на младинскиот и средноучилишниот спорт со стипендирање на спортисти – средношколци кои се жители на Скопје и учат во средните училишта на подрачјето на град Скопје.
Со цел да се зголеми мотивираноста кај младите спортисти – средношколци да спортуваат, да продолжат и да останат понатаму во спортот, како и зголемување на опфатот на што повеќе ученици да се занимаваат со спорт и спортски активности, Градот Скопје ќе стипендира спортисти – средношколци кои се жители на Скопје и учат во средните училишта на подрачјето на град Скопје.
Врз основа на условите и критериумите утврдени со Правилникот за доделување стипендии на спортисти – средношколци ученици во средните училишта на подрачјето на град Скопје ќе се стипендираат спортисти, ученички и ученици од средните училишта на подрачјето на град Скопје.
Апликантите треба да ги исполнуваат целите, условите и критериумите што се дадени во прилог на Јавниот повик објавен на официјалната веб страница на Град Скопје www.skopje.gov.mk.
Во постапката за доделување стипендии ќе влезат во изборот апликантите средношколци - спортистки и спортисти кои врз основа на критериумите ќе обезбедат најмалку 50 бодови, од вкупно 100 бодови.
Бодирањето на апликантите ќе го врши Комисија за спроведување постапка за стипендирање на спортисти – средношколци ученици во средните училишта на подрачјето на градот Скопје, жители на Скопје, за 2022 година, формирана од страна на Градоначалникот на Град Скопје.
Избраните стипендисти ќе добиваат секој од нив поединечно стипендија во вкупен нето износ од 24.000 денари за тековната 2022 година.
