Свет

Италија: Запленети 4,3 тони кокаин од Колумбија

07.06.2022 10:48

Со акцијата му е зададен тежок удар на колумбискиот Заливски клан кој оперира во 28 земји.

Италијанската полиција заплени 4,3 тони кокаин од Колумбија. Уличната вредност се проценува на околу 240 милиони евра.

Со акцијата му е зададен тежок удар на колумбискиот Заливски клан кој оперира во 28 земји.

Истрагата траела повеќе од една година и ги опфатила колумбиското правосудство и државната безбедност на САД, а освен кокаин, полицијата запленила и 1,85 милиони евра во кеш.