173 санкции за брзо возење на територија на државата
Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 92 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 81 надвор од населено место.

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 173 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 92 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 81 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта, соопштуваат од МВР.
