Македонија

Приведено лице за пожарот во центарот „Иван Михајлов“ во Битола

07.06.2022 11:18

Министерот за внатрешни Спасовски соопшти дека случајот е веќе расчистен и има приведено лице кое го призна делото.

Брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена со пожарот во центарот „Иван Михајлов“ во Битола. Министерот за внатрешни Спасовски соопшти дека случајот е веќе расчистен и има приведено лице кое го призна делото.

„Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода“, напиша Спасовски на Фејсбук.

Уште еднаш, подвлекува министерот, покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот.

И во овој сегмент нема „пардон“, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил – мора да одговара, порача Спасовски на Фејсбук.