Македонија

МАНУ: Историските разговори да останат надвор од интегративниот процес

07.06.2022 11:54

Почеток на преговорите со ЕУ почнуваат врз основа на исполнување на копенхашките критериуми, и не треба во нив и во преговарачката рамка да се меша историјата, вели академикот Ѓоргиев. Посебноста, идентитетите, погледите кон историјата се надвор од дискусија и не можат да бидат ставени на преговарачка маса, вели академик Камбовски...

Оспорувањето на постоењето на македонската нација, јазик и култура не е нова работа, ваква полемика се водеше и за време на поранешна Југославија и тогашната советска Бугарија.

Почеток на преговорите со ЕУ почнуваат врз основа на исполнување на копенхашките критериуми, и не треба во нив и во преговарачката рамка да се меша историјата, вели академикот Ѓоргиев, кој е копретседавач на мешовитата историска комисија.

Посебноста, идентитетите, погледите кон историјата се надвор од дискусија и не можат да бидат ставени на преговарачка маса, вели академик Камбовски. Смета, дека условувањето на отстранување на ветото со внесување на Бугарите во уставот е нешто за што треба да се отвори процедура.

Со Бугарија сè уште има отворени прашања за кои треба да се разговара, но со почит на македонските црвени линии, велат академиците.

 

Ирина Гелевска