Пејачот Ламбе Алабаковски приведен за палењето на вратата на бугарскиот клуб во Битола
Министерството за внатрешни работи го разреши случајот со пожарот во центарот „Иван Михајлов“ во Битола. Осомничен е познатиот пејач Ламбе Алабаковски, потврдуваат од СВР Битола. Оттаму велат дека Алабаковски го признал делото...

Министерството за внатрешни работи го разреши случајот со пожарот во центарот „Иван Михајлов“ во Битола. Осомничен е познатиот пејач Ламбе Алабаковски, потврдуваат од СВР Битола. Оттаму велат дека Алабаковски го признал делото.
И министерот за внатрешни Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил соопшти дека е приведено лице осомничено за опожарување на бугарскиот клуб во Битола.
„Со задоволство можам да ја обелоденам брзата и ефективна разрешница на случајот со пожарот во центар Иван Михајлов во Битола“, напиша Спасовски на неговиот Фејсбук профил.
Додава дека се работело деноноќно да се пронајде сторителот, биле земени в предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер со судска наредба бил извршен претрес на две локации кои ги користи 34 годишниот Л.А. од Битола.
Пронајдени се и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода.
