Можностите за вработување претставени пред студентите на УКИМ
Отворени денови на Универзитетот Свети Кирил и Методиј. Можност студентите да се запознаат со програмите на факултетите, но и компаниите да се доближат до нив и да ги претстават можностите за младите таленти…

Ден на кариерен развој на идната интелектуална елита на земјава. Од редовите на овие студенти ќе излезат следните доктори, фармацевти, информатичари, политичари.
Настанот е можност за компаниите да им се доближат на студентите, а бизнис заедницата да ги претстави можностите за младите таленти. Амбициозните македонски студенти со кои поразговаравме имаат големи планови за иднината.
На настанот учествуваа 28 етаблирани компании кои пред студентите ги презентираа можностите за вработување и практикантство за време и по завршување на студиите.
Во рамки на настанот одржани и две панел дискусии на тема – важноста на практикантството и подготовка за прво вработување на студентите и хибридни професии, новата реалност за младите и компаниите.
Со помош на асоцијацијата за кариерни советници, студентите може да изработат и професионална биографија и да разговараат за кариерно насочување.
Марија Котовска
