Шаќири: Повисоки плати за наставниците и професорите од септември
Повисоки плати за 15 отсто за вработените во основно и во средно образование ќе има од септември, како што е договорено со Самостојниот синдикат за образование и наука (СОНК)...

Министерот за образование очекува во септември наставниците и професорите да земат повисоки плати за 15 насто. Рече дека преговарачките тимови потпишале спогодба, се чека само да помине ребалансот на буџетот.
„Очекуваме да помине ребалансот на Буџетот за да подготвиме информација во Владата, за да се потпише конечната спогодба за 15 отсто. Значи, преговорите имаат потпишана спогодба, договорени се сите работи со СОНК и го чекаме ребалансот. Очекувам да помине и сѐ да биде добро за од септември да има повисоки плати во основно и во средно образование“, рече министерот Јетон Шаќири.
Министерот за образование не очекува никаков застој во полагањето на државната матура.
