Лавров: Антирускотo расположение закана за стабилноста на Европа
11.04.2014 17:38
Моментното засилување на антируското расположение се одвива истовремено со расизмот и ксенофобијата во многу европски држави, со зголемување на ултрарадикалните групи и попуштање пред појавите на неонацизам во Украина или други места, изјави Лавров...

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави денеска дека стабилноста на Европа е загрозена со антируското расположение поради кризата во Украина.
Моментното засилување на антируското расположение се одвива истовремено со расизмот и ксенофобијата во многу европски држави, со зголемување на ултрарадикалните групи и попуштање пред појавите на неонацизам во Украина или други места, изјави Лавров.
Тој додаде дека сето тоа „претставува очигледна опасност за европската стабилност“.
Изјавата на Лавров е дадена откако претседателот на САД Барак Обама се закани дека против Русија ќе донесе нови санкции доколку ескалираат тензиите околу Украина.
