МВР

189 санкционирани возачи во Скопје, 44 за брзо возење

08.06.2022 08:42

На територија на град Скопје изречени се вкупно 189 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 189 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се 10 мерки за некористење сигурносен појас, 36 санкции за недавање првенство на минување на пешаци,  седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

Засилените акциски контроли продолжуваат, соопштуваат од МВР.