Меркел ја осуди инвазијата врз Украина
Таа рече дека нападот е голема грешка, но додаде дека никогаш немало шанса да се создаде безбедносна архитектура која ќе ја убеди Русија да бара алтернативен пат.
Руската инвазија врз Украина е брутален напад кој ги игнорира човековите права и нема никакво оправдување за тоа, изјави поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во нејзиното прво интервју откако замина во пензија.
Таа рече дека нападот е голема грешка, но додаде дека никогаш немало шанса да се создаде безбедносна архитектура која ќе ја убеди Русија да бара алтернативен пат.
Секако дека се прашував што направивме погрешно, рече таа, говорејќи за „големата трагедија“. Дали можевме да направиме повеќе за да го спречиме тоа, она што јас го нарекувам голема трагедија. И затоа сè уште си ги поставувам тие прашања, додаде Меркел.
Но, таа исто така рече дека нема намера да се извинува што барала дипломатски решенија за тензиите што растеа додека беше канцеларка.
Дипломатијата не е погрешна затоа што не успеала. Затоа не гледам зошто би требало да кажам дека згрешив и нема да се извинувам за тоа, нагласи Меркел.
