Расте бројот на жртви во железничката несреќа во Иран
Седумнаесет лица загинаа, а 37 се повредени во болница, изјави портпаролот на итната служба Мохтаба Каледи за државната телевизија Ириб.

Најмалку 17 лица загинаа во железничка несреќа во Иран, а повеќе десетици се повредени.
Седумнаесет лица загинаа, а 37 се повредени во болница, изјави портпаролот на итната служба Мохтаба Каледи за државната телевизија Ириб.
„Бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи повеќето од повредените се во критична состојба“, додека тој, појаснувајќи дека „на местото на настанот се испратени 24 амбулантни возила и три хеликоптери“.
Заменик-шефот на државните железници на Иран, Мир Хасан Мусави, изјави за државната телевизија дека возот превезувал 348 патници.
Според него, тој „излетал од шините откако удрил во багер“, кој се наоѓал во близина на шините.
