НАТО

Зајакнување на воената соработка

08.06.2022 11:45

Повеќе од 7.000 морнари, воздухопловци и маринци од 16 нации - вклучително и две кои се стремат да се приклучат на Алијансата, Финска и Шведска - учествуваат во двонеделната вежба Балтопс предводена од САД...

Шведска е подготвена да го одбрани Готланд, рече командантот на полкот на островот во Балтичко Море, во момент кога трае воената вежба на НАТО.

„Ќе го браниме Готланд. Не би рекол дека е многу променето. Готланд отсекогаш бил од стратешко значење. Тој бил таму секогаш“, изјави полковник Магнус Фриквал, командант на полкот Готланд.

Повеќе од 7.000 морнари, воздухопловци и маринци од 16 нации - вклучително и две кои се стремат да се приклучат на Алијансата, Финска и Шведска - учествуваат во двонеделната вежба Балтопс предводена од САД.

„Она што е стратешки важно, од моја перспектива, е способноста да се работи со Шведска, да се работи со Финска, да се работи со 14 други нации што се тука. Каква и да е кризата, без разлика дали е време, дали е земјотрес, дали е нешто што го прави противникот, важно е да не мораме да ја градиме таа доверба откако ќе се случи кризата, ние однапред знаеме како да работиме заедно“, изјави адмирал Џон Менони од американската морнарица.

Воената алијанса со учество на Шведска и Финска, НАТО ја користи шансата да ја зајакне својата отпорност и сила на заедничките сили заедно со двете нордиски земји аспиранти.

Официјални лица од Јапонија и воената алијанса на НАТО се договорија да ја зајакнат воената соработка и да го зголемат изведувањето заеднички воени вежби.

„Би сакале дополнително да ги зајакнеме неповратните односи со европските земји во овој регион и го поздравувам НАТО што го прошири своето учество во Индо-пацифичкиот регион“, изјави Нобуо Киши, јапонски министер за одбрана.

„Имаме одлична прва агенда на НАТО Азија (индо)- пацифик за справување со заедничките безбедносни предизвици и тоа е важен чекор унапредување за нашите односи“, вели адмирал Роб Бауер, шеф на воениот комитет на НАТО.

Сириското министерство за одбрана објави снимка од заедничка вежба со Русија, прва откако земјата ја почна инвазијата на Украина.

 

Марина Ристова