Свет
НАСА ќе лансира истражувачки ракети од Австралија
08.06.2022 11:50
За прв пат по 27 години, НАСА ќе лансира истражувачки ракети од северна Австралија. Тоа ќе биде и првото комерцијално лансирање вон САД...

За прв пат по 27 години, НАСА ќе лансира истражувачки ракети од северна Австралија. Тоа ќе биде и првото комерцијално лансирање вон САД.
На 26-ти јуни, 4-ти и 12-ти јули, трите ракети ќе полетаат од вселенскиот центар „Арнем“ кој е избран поради позиционираноста во јужната хемисфера и близината до екваторот.
Ракетите ќе се користат за астрофизички испитувања.
