Македонија има недостиг на млеко
Македонија има недостиг на домашно млеко

Македонија има недостиг на домашно млеко, и со зголемувањето на добиточниот фонд сепак увозната зависноста ќе остане . Државата излезот го гледа во стратегија со постепено решавање на проблемот.
За кус период неможе да се зголеми домашното производство на млеко. Според експертите, расниот состав, исхраната и здравствената заштита се важни фактори кои треба да се решават со новата стратегија.
Со зголемениот обем на фармите, млекарите сеуште ги немаат достигнати стандардите за квалитет, особено малите и индивидуални капацитети кои исполнуваат едвај девет отсто од европските нормативи и 45 проценти од домашните .
Стопанствата со една до три крави ќе треба да се окрупнуваат да ги исполнат условите.
Субвенционирањето на млекото по квалитет се планира да почне за две години. Дотогаш, фармерите треба да успеат да го прилагодат производството согласно бараниот квалитет. Сточарите треба да ја зголемат и хигиената и површините сo јачмен за да обезбедат доволни количества на сопствена добиточна храна.
