Лицата на 60 годишна возраст, прогласени за технолошки вишок остануваат без примања
Лицата кои биле прогласени за технолошки вишок, по истекот на периодот кога примаат надомест, остануваат на улица, оти никој не ги вработува. Бараат државата да им помогне во периодот од неколку години, додека добијат пензија …

Во државата има лица кои биле прогласени за технолошки вишок и откако ќе завршат периодот кога примаат паричен надомест, остануваат неколку години невработени чекајќи пензија, оти никој не е расположен работно да ги ангажира.
Таков е случајот со велешанецот Орце Лапевски, кој е дипломиран агроном. Тој и неколку негови колеги беа прогласени за технолошки вишок од голем земјоделски комбинат во велешко.
Има доста примери на лица технолошки вишок кои чекајќи пензија, неколку години остануваат без примања. И покрај нивната желба, не веруваат дека ќе бидат работно ангажирани, поради возраста.
Законодавецот пропишал дека лицата кои биле вработени, а се технолошки вишок, имаат можност 18 месеци пред старосната пензија, да започнат да примат паричен надомест. Тие се прашуваат како ќе живеат дотогаш и бараат државата да најде начин да бидат материјално згрижени.
Петар Печков
