Битиќи: Време да се направи напредок и во соработката во туризмот
„Да ја отвориме соработката за споделување на искуствата, за можностите, за напредокот и развој на туризмот на Западен Балкан со својата единственост како додадена вредност за развој и иднина на нашиот регион“, посочи вицепремиерот Битиќи...

Поврзувањето на нашите економии, создавањето на заеднички регионален пазар од преку 10 милиони жители е една од причините за создавање на иницијативата „Отворен Балкан“ која го поттикнува економскиот раст, овозможува слободно движење на луѓе меѓу државите истовремено поддржувајќи го и унапредувајќи го туризмот, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на денешната пленарна сесија „Отворен Балкан отвора туризам“, во рамки на Самитот на „Отворен Балкан“.
Тој истакна дека изминативе неколку години за компаниите од Северна Македонија, Албанија и Србија се отстранети административните бариери за извезување на производите, за вадење на работни дозволи и регистрирање на подолг престој и дека сега е време да се направи напредок и во соработката во туризмот.
„Да ја отвориме соработката за споделување на искуствата, за можностите, за напредокот и развој на туризмот на Западен Балкан со својата единственост како додадена вредност за развој и иднина на нашиот регион“, посочи вицепремиерот Битиќи.
Во текот на сесијата, обраќања имаа и министерот за економија Бектеши, Мирела Кумбаро-Фурчи, министерката за туризам и животна средина на Албанија и министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Татјана Матиќ.
