Македонија

Притисоци, вербални и физички напади врз штрајкувачите од Управата за водење на матични книги

08.06.2022 14:34

Притисоците врз подржувачите на штрајкот во Управата за водење на матични книги прерасна во напади, се жалат од Независниот синдикат на оваа установа. Велат дека нема да се откажат од нивните барање за линерано покачување на платите за 30 %. Доколу и натаму продолжи игнорантскиот однос кон нив од страна на надлежните, ќе преземат порадикални чекори…

Притисоци, вербални и физички напади врз учесниците на штрајкот во Управата за водење на матични книги. Од Синдикатот на оваа установа, велат дека вработен од Гостивар ги нападнал своите колеги кои штрајкувале. Делото го признал во полиција, но тој си продолжува да работи.

Две вработени во Тетово кои штрајкувале паднале во бесознание, откако добиле наредба од директорот да потпишат нешто, без да им се образложи за што станува збор. Ако сакаат да го задушат штрајкот, зошто е потребен Синдикат, прашуваат од Конфедерацијата на синдикални организации.

Во меѓувреме поради штрајкот кој трае шест недели, граѓаните не можат да извадат основни документи.

Од Синдикатот на Управата за водење на матични книги, остануваат на барањето за линеарно покачување на платите на сите вработени за 30 %.

Зоран Димовски