Политика

Јакимовски: ГРОМ излегува од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

08.06.2022 14:45

Не успеав да најдам заеднички јазик со ВМРО- ДПМНЕ. Се соочивме со опструкции, подметнувања и омаловажувања, вели Јакимовски. ГРОМ излегува од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ...

Не успеав да најдам заеднички јазик со ВМРО- ДПМНЕ, наместо тоа се соочивме со опструкции, подметнувања и омаловажувања. Од таа причина по 99 месеци, ГРОМ излегува од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави претседателот на партијата Стевче Јакимовски. Вели Мицкоски да си најде друг за изживување, од тајни стануваме јавни непријатели.

Стевче Јакимовски наместо да се сврти кон граѓаните, нивните потреби и барања за почист Карпош, со повеќе зелени површини и содржини за рекреација, тој одбра да продолжи по стапките на Стефан Богоев, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Цврстите заложби на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, се по ниедна цена да не се дозволи натамошна бетонизација на Карпош на штета на зелениот простор во општината.

Единствениот пратеник на ГРОМ во Собранието, Љупчо Пренџов вели дека останува во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за да делува опозициски, но и дека не ја напушта неговата матична партија.

Миле Ристески