Македонија

Прилеп: Архивот со меѓународна презентација

08.06.2022 14:50

Прилепскиот архив го претставува државниот и земјава на меѓународната недела на архивите. Архивите континуирано работат на документирање приватни архиви на семејства кои го утврдуваат нашиот идентитет. Моментално се работи документирање на приватните архиви на значајни македонски дејци. Граѓаните, пак, заинтересирани за семејното стебло и потеклото...

Прилепскиот архив е дел од светската изложба на архивистиката со 199 држави, во неделата на архивите. Во меѓународниот каталог македонската архивистика е претставена токму со изложбата на документи за Слободан Михајлоски, академски сликар кој во 1958 ја основал ликовната група во градот на уметноста.

Архивските материјали го откриваат нашиот идентитет, сметаат архивистите. Токму затоа, последниве години, државниот архив работи на документирање на приватните фондови на значајни македонски дејци, кои ќе разјаснат одредени историски периоди.

Граѓаните, главно, се интересираат за документи кои ќе им го потврдат стажот, но последниве години се зголемува интересот за семејното потекло.

Прилепскиот архив е надлежен за шест општини, има 605 фонда и девет збирки, а најстариот документ е од 1788 година.

Елизабета Митревска