МВР

191 сообраќајни прекршоци во Скопје

09.06.2022 08:55

На територија на град Скопје изречени се вкупно 191 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 39 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 16 санкции за возење без возачка дозвола, 16 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 191 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 39 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 16 санкции за возење без возачка дозвола, 16 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за возење под дејство на алкохол, седум мерки за возач почетник, четири санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за нерегистрирани возила, соопштуваат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат.МВР со апел до граѓаните, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.