Што ќе гледате утре во Македонија наутро?
Една од темите за кои често гласно говориме во Македонија наутро е секојдневието и животот на лицата со попречености, како би помогнале во процесот на инклузија и можностите секој од нас да го оствари правото на достоинствен живот и во пракса.

Вкупно 96 претставки за утврдување на потенцијална дискриминација на социјалните мрежи годинава се пристигнати во Комисијата за спречување и заштита од дискриниминација. Како до инклузивно општество кое ќе почива на здрава комуникација е тема на анализа со специјалист за односи со јавност и нови медиуми Бојан Кордалов.
Една од темите за кои често гласно говориме во Македонија наутро е секојдневието и животот на лицата со попречености, како би помогнале во процесот на инклузија и можностите секој од нас да го оствари правото на достоинствен живот и во пракса. Здружението за активно вклучување и соодветен третман на лица со попреченост „Икуалити“ сè поактивно преку различни активности гласно делува на полето на инклузија. Новите проекти кои ја поддршуваат оваа приказна ги дознаваме од Гере Трипков.
А на тема спорт, два настани. Општина Дојран и годинава традиционално е домаќин на државното Триатлон првенство каде силите ќе си ги одмерат триатлонци од сите возрасни категории.
На 9-ти и 12-ти јуни на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во рамки на групата од УЕФА Лигата на нации, нашата фудбалска репрезентација домаќин на Грузија и Гибралтар. Анита Никушева Јованчев на линковско вклучување разговара со портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски.
