Ѓорческа четвртфиналистка на турнир во Австрија

08.06.2022 21:32

Во второто коло ја совлада шестата носителка, Ева Лис од Германија, 226. на ВТА-листата. Ѓорческа славеше со 6-4, 6-4 во вториот и третиот сет, откако првиот го загуби со 6-0. Следна противничка ќе и биде Викторија Кузмава од Словачка, трет рекет на турниров и 192. на светот.

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, се пласира во четвртфиналето на Фјучрерс турнирот во Пертшах, Австрија, со награден фонд од 60 илјади долари. Во второто коло ја совлада шестата носителка, Ева Лис од Германија, 226. на ВТА-листата. Ѓорческа славеше со 6-4, 6-4 во вториот и третиот сет, откако првиот го загуби со 6-0. Следна противничка ќе и биде Викторија Кузмава од Словачка, трет рекет на турниров и 192. на светот.

Ѓорческа сè уште е во игра и во конкуренција на двојки. Попладнево, во тандем со Леа Бошковиќ од Хрватска, ја совладаа бугарско-американската комбинација Евтимова/Чаватипон со 6-4, 6-4. Во четвртфиналето ќе се соочат со треторангираните, Американката Џеси и Чехинката Шишкова.