Само Јотовски го мина првото коло на турнирот во Скопје

08.06.2022 21:34

Победи со 6-3, 6-2 и избори втора рунда против Јакуб Паул од Швајцарија, седми носител на турниров и 474. на АТП-рангирањето. Денеска тој експресно со 6-1, 6-2 го елиминира Бесир Дургути, еден од петте македонски тенисери кои го завршија натпреваувањето.

На терените на тенискиот клуб Југ, во Скопје, се одвива главниот турнир на Фјучерс турнирот за мажи, вреден 25 илјади долари. Само еден од македонските тенисери успеа да го мине првото коло, Томислав Јотовски, во дуел со Олександар Пјелински од Украина.

Победи со 6-3, 6-2 и избори втора рунда против Јакуб Паул од Швајцарија, седми носител на турниров и 474. на АТП-рангирањето. Денеска тој експресно со 6-1, 6-2 го елиминира Бесир Дургути, еден од петте македонски тенисери кои го завршија натпреваувањето.

Горазд Србљак беше поразен од четвртиот носител, Хади Хабиб од Либан, Стефан Мицов од Бугаринот Петр Нестеров, Обрад Марковски немаше решение за Симон Фројнд од Шведска, а Берг Бугариќ за Јоханес Илнглидсен од Данска – сите без освоен сет.