Модриќ ќе игра за Реал и на 37 години

08.06.2022 21:36

Цела една деценија Модриќ е дел од „кралскиот клуб“ и е еден од моторите на тимот, освојувајќи пет европски титули во кариерата, па иако хрватскиот фудбалер за врска има 36 години, Реал Мадрид нема намера да се откаже од него.

Беше јасно од поодамна, а денеска само се официјализираше. Најдобриот хрватски фудбалер и поранешна „Златна топка“, Лука Модриќ, потпиша нов едногодишен договор со новиот европски првак Реал Мадрид.

Цела една деценија Модриќ е дел од „кралскиот клуб“ и е еден од моторите на тимот, освојувајќи пет европски титули во кариерата, па иако хрватскиот фудбалер за врска има 36 години, Реал Мадрид нема намера да се откаже од него.

Реал ја запази традицијата да не дава подолгорочни договори од 12 месеци на фудбалери постари од 30 години, па Модриќ потпиша нова соработка со истек до 30 јуни 2023 година.