Вечерва почнува јубилејното издание на Танц-фест

12.04.2014 11:28

Со претставата „Импулс“ на Скопје танцов театар вечер на големата сцена на Македонскиот народен театар ќе биде отворен 10-от Танц-фест чие мото годинава е „Вкусот на танцот“...

Во дансинг салата во Македонскиот културен центар, утревечер Beatrix crew ќе ја изведат хип хоп претставата „Издигнување“, а на 14 април првпат во Македонија во дансинг салата во МКЦ вечерта ќе се одржи Меѓународен натпревар за млади кореографи. Пет од избраните кореографи на натпреварот ќе се претстават на 15 април во големото финале, а ќе бидат доделени и награди.
 
На 16 април на големата сцена на МНТ ќе настапат танчери од Ротердам танцовата академија со претставата „Таленти во движење“. На 22-ри април Танц-фест продолжува во Битола, каде ќе биде прикажана претставата „Импулс“, а на 24-ти април ќе настапи Балетот од Косово со „Градина на душите“. На 23-ти април на сцената Зебра, танчери од Beatrix crew ќе ја изведат хип хоп претставата „Издигнување“.
 
На големата сцена на МНТ, на затворањето на Танц-фест на 25-ти април Интроденс од Холандија ќе настапи со програмата насловена „Суперстарс“.