СЗО: Опаѓа бројот на нови инфекции од коронавирус
Бројот на нови инфекции од коронавирус и смртни исходи опаѓа речиси насекаде во светот, освен на Блискиот Исток и Југоисточна Азија, соопшти Светската здравствена организација. Новите потврдени случаи на инфекција опаднале за 12 насто, а пријавените смртни случаи опаднале за 22 насто...

Бројот на нови инфекции од коронавирус и смртни исходи опаѓа речиси насекаде во светот, освен на Блискиот Исток и Југоисточна Азија, соопшти Светската здравствена организација. Новите потврдени случаи на инфекција опаднале за 12 насто, а пријавените смртни случаи опаднале за 22 насто.
Во извештајот се наведува дека 18 месеци по почетокот на првите масовни кампањи за имунизација против коронавирусот во богатите земји, 68 земји допрва треба да заштитат 40 насто од своето население.
Агенцијата на ОН предупреди дека пандемијата сè уште не е завршена и повика на претпазливост, иако многу земји се откажаа од мерките и рестрикциите, воведени поради заштита од коронавирусот.
