Евроинтеграции

Вархеји во Софија на средби со Радев, Петков и Генчовска

09.06.2022 11:17

Вархеји пред заминувањето за Софија вчера изјави дека интензивно се работи Скопје во јуни да го почне преговарачкиот процес...

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеји, кој вчера учествуваше на самитот на иницијативата Отворен Балкан во Охрид, денеска е во посета на Бугарија.

Вархеји во Софија ќе има средби со бугарскиот претседател Румен Радев, премиерот Кирил Петков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска.

Посетата на Бугарија еврокомесарот за проширување ја најави уште при последниот престој на 20 мај кога по средбите со Радев, Петков и Ганчевска, изјави дека наскоро ќе се врати во Софија за да се најде заеднички прифатливо решение за отворање на преговорите со Северна Македонија.

Вархеји пред заминувањето за Софија вчера изјави дека интензивно се работи Скопје во јуни да го почне преговарачкиот процес за пристапување во ЕУ.