Унапредување на винарството во Макеоднија преку Здружение на винари

12.04.2014 11:35

Приоритет ќе биде проширување на знаењата од технолошката пракса и теорија а исто така и следење на трендовите надвор од границите на нашата земја...

Главната цел на новоформираното Здружение на винари на Република Македонија, кое беше промовирано синоќа во Демир Капија, ќе биде унапредување на винарството во Македонија. 
 
„Приоритет ќе биде проширување на знаењата од технолошката пракса и теорија а исто така и следење на трендовите надвор од границите на нашата земја. Работејќи со другите институции во државата кои сакаат да го афирмираат македонското вино би сакале да ги подобриме состојбите во македонското винарство“, изјави претседателот на здружението Игно Тасев.
 
Според Лазе Плетварски најголемата надградба во оваа професија, освен сопственото теоретско и практично усовршување, е можноста за патување и анализирање на технолошките достигнувања на светските лидери во винарството како Франција, Германија, Јужна Африка, Австралија, САД, Чиле, Нов Зеланд.
 
„Многу од нас најголемото професионално искуство го имаат збогатено  токму на овој начин. А самото велгување во друга понапредна технолошка средина доведува до експанзија на знењата во однос на технологијата. Исто така, се добива вистинска претстава за движењето на винарството во однос на вкусови и технологии“, рече  Плетварски.