Македонија

„Банка за храна“: Храната што се фрла може да прехрани 14 илјади семејства

09.06.2022 12:39

Илјадници луѓе во земјава имаат само два до три оброка неделно, но во истовреме храната што се фрла може да прехрани до илјадници семејства...

70 илјади луѓе во Македонија од кои повеќето деца имаат два до три оброка неделно и заспиваат гладни. Во исто време, храната што ја фрлаат домаќинствата и рестораните, можат да прехранат до 14 илјади семејства. Од Банка за храна на Македонија велат, живееме во апсурд.

На стотици домашни компании кои им помагаат во овие 12 години, од „Банка за храна“ им се заблагодарија, но потенцираа дека мора да се направи добро системско решение за донирање на храна зашто Македонија не смее да си го дозволува луксузот да фрла.

Прогнозите дека не очекува тешка зима само ја потенцираат неопходноста од итно менување на свеста да не се купува повеќе отколку што ни е потребно.

Катерина Топалова