Свет
Растат тензиите меѓу Израел и Иран
09.06.2022 13:13
Генералот на иранската армија изјави дека Иран го следи секој потег на Израел, предупредувајќи дека за секоја грешка на непријателот ќе ги срамнат Тел Авив и Хаифа до земја...

Растат тензиите меѓу Израел и Иран по неодамнешното убиство на високорангиран офицер на корпусот на иранската револуционерна гарда.
Генералот на иранската армија изјави дека Иран го следи секој потег на Израел, предупредувајќи дека за секоја грешка на непријателот ќе ги срамнат Тел Авив и Хаифа до земја, по наредба на врховниот лидер.
Претходно оваа седмица беа откриени детали од извештај во кој беше наведено дека безбедносните сили на Тајланд спречиле неколку обиди на ирански шпиони да им нанесат штета на израелски и западни воени цели во земјата.
