Бугарија: Коалициониот партнер Трифонов ја напушти коалицијата
„Има таков народ“ најверојатно нема да ги поддржи министрите што ќе ги предложи премиерот на Бугарија, Кирил Петков, на местото на повлечените од Слави Трифонов...

„Има таков народ“ најверојатно нема да ги поддржи министрите што ќе ги предложи премиерот на Бугарија, Кирил Петков, на местото на повлечените од Слави Трифонов.
Пратеничката и претседател на двете претходни бугарски народни собранија, Ива Митева, вели дека на земјата не и се потребни предвремени избори, и дека тие дури и се опасни во моментов. Таа појасни дека „Има таков народ“ ќе се обиде самостојно да формира влада доколку бугарскиот претседател им го додели третиот мандат.
Коалициониот партнер Трифонов ја напушти коалицијата поради прашањето за Северна Македонија и распределбата на буџетските средства.
Премиерот Петков, рече дека е подготвен да остане на чело на малцинската влада.
