Евроинтеграции

Вархеји сака договор во јуни, Петков со три барања кон Скопје

09.06.2022 12:36

Вархеји оценил дека тоа што сè уште нема решение за спорот е многу фрустрирачко за ЕУ, бидејќи не може да продолжи пристапниот процес.

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеји денеска е во Софија на средби со државниот врв. Побара од Петков договор во јуни со земјава. Петков поставил три барања до Македонија – спроведување на Договорот за добрососедство, вклучување на Бугарите во Уставот и почитување на рамковната позиција што ја усвои бугарскиот парламент.

Вархеји оценил дека тоа што сè уште нема решение за спорот е многу фрустрирачко за ЕУ, бидејќи не може да продолжи пристапниот процес.

Сè уште ја чекам поддршката од Бугарија и на тоа работиме со сите овие разговори што ги водев овде во Софија, а редовно и во Скопје, конечно да се разјасни и зајакне европската перспектива за Република Северна Македонија. Би сакале да видиме договорот да биде постигнат во јуни, нагласи Вархеји.