ТИРЗ

Деспотовски задоволен од работата во зоните, опозицијата обвини за сомнителен тендер

09.06.2022 14:03

Бројот на вработени во слободните зони расте. Заклучно со мај, дирекцијата има постигнато договори за инвестиции од над 170 милиони евра со две компании кои веќе работат кај нас, но и со две нови. Додека Деспотовски е задоволен од бројките, опозицијата обвини за сомнителен тендер…

Расте бројот на вработени во слободните зони. Достигна 14.600, за осум проценти повеќе од истиот период лани. Директорот на „тирзовите“ Деспотовски се пофали дека заклучно со мај, дирекцијата има постигнато договори за инвестиции од над 170 милиони евра со две компании кои веќе работат кај нас, но и со две нови. Треба да донесат 4.000 вработувања. Просечната плата во зоните веќе го надмина просекот на национално ниво.

И додека Деспотовски е задоволен од бројките, опозицијата го обвини дека ќе потроши над 20 милиони денари за приватна фирма да врши мониторинг на договорите за државната помош.

Во меѓувреме, зоната во Гевгелија ќе стане првата којашто ќе привлекува зелени инвестиции. Се очекува да генерира вложувања од околу 400 милиони евра.

Александра Спировска