Ракомет – СЕХА лига

Вардар ја напаѓа првата титула во сезоната

12.04.2014 12:12

Македонскиот ракометен шампион Вардар утре тргнува во лов на првиот пехар во сезоната за паметење. Во финалето на Сеха лигата во Нови Сад противник на нашиот состав е белорускиот Мешков Брест кој во драматичен дуел на пенали го елиминираше Татран Прешов.

Македонскиот ракометен шампион Вардар утре тргнува во лов на првиот пехар во сезоната за паметење. Во финалето на Сеха лигата во Нови Сад противник на нашиот состав е белорускиот Мешков Брест кој во драматичен дуел на пенали го елиминираше Татран Прешов.

Вардарци вчера полесно од очекувањата му се реваншираа на бранителот на тронот за поразот во ланското финале во Скопје.Убедливоста и рутината на триумфот над Загреб за старт во  третиот последовен фајнл фор, дава за право да веруваме дека на дофат е втората титула од регионалната лига. Посакуваме да биде убав вовед во четвртфиналниот двомеч од Лигата на шампионите со Фленсбург по девет дена.

И без повредениот Стојанче Стоилов, со мала минутажа за Дибиров и само еден голман 60 минути, ротацијата на Раул Гонзалес понуди надмоќ и доминација во најголемиот дел од полуфиналето. Константноста во квалитетот на ритамот во играта и во одбрана и во напад треба да бидат формула за успех во финалниот меч против белорускиот адут Мешков Брест.

Квалитетниот состав, спој на интернационалци од Хрватска, Србија, Словенија со  белоруски репрезентативци, предводен од ученикот на Лино Червар, Жељко Бабиќ,  во финишот на сезоната влезе во висока форма. Тимот засилен со четворката од распаднатиот Динамо Миннск со четири последовни победи во финишот на регуларниот дел го обезбеди четвртото место што води на завршниот турнир на најдобрите.

Вардар ќе има сериозен ривал во третото последовно финале на Сеха лигата. По двете со  Загреб , втората круна ќе ја бара против финалистот - дебитант. Црвено-црните во четирите досегашни двобои со Мешков Брест во Сеха лигата имаат три победи, две оваа сезона и еден гостински пораз.